Зошто децата спијат со отворени очи?

1367

Дали спиењето со отворени очи е безопасна појава кај децата или предупредувачки сигнал за родителите? Кога ќе го забележат своето дете како спие со подигнати капаци, родителите најчесто се загрижуваат.

Сепак ноќниот лагофталмус, познат како спиење со отворени очи, целосно е безопасен и не е последица на некој здравствен проблем на детето, ниту укажува на пореметување на сонот, тврдат лекарите.

Иако оваа појава е мошне честа кај новороденчињата (а престанува најчесто од 12-от до 18-от месец од животот), науката се уште нема одговор на тоа зошто децата спијат со отворени очи.

– Никој досега не беше подготвен да финансира истражувања на оваа тема, истакна Тара Леви, лекар натуропат (лекар кој користи природни методи на лекување) од Калифорнија.

Сепак нејзиното стручно мислење е дека ноќниот лагофталмус има врска со подолгата РЕМ фаза, кај децата, кај кои е забележан.

– Спиењето со отворени очи се јавува за време на РЕМ фазата, која е најактивен циклус во текот на сонот, појаснува Леви и додава дека оваа фаза кај бебињата трае подолго, отколку кај возрасните, дури 50 отсто од времето поминато во спиење.

Меѓутоа доколку детето и по 18-от месец од животот спие со отворени очи и по неколку часа, задолжително посетете педијатар. Во мал број случаи, можеби станува збор за малформација на очните капаци, што го оневозможува затворањето на очите. Исто така се забележани и наследни случаи на ноќен лагофталмус.

Спиењето со отворени очи значи не е нешто поради кое родителите треба да се грижат. Доколку, сепак не ви е пријатно вашето дете да спие со отворени очи, само нежно спуштете му ги капаците.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување