РАЗБУДИ СЕ ВО МЕНЕ | Нова песна на Роберто Поп Димитров

4852

Синглот „Разбуди се во мене“ е дел од новиот албум „Смртник“ на Роберто Поп Димитров. 

Албумот СМРТНИК е снимен 2020/2021 во студиото Кентаур Продукција кое работи повеке од 10 години и има издадено повеќе албуми и песни од најразлични стилови – рок, хеви метал, рнб, хип хоп итн. со изведувачи од Македонија, Грција, Словенија, Бугарија…

Новата песна “Разбуди се во мене“ е реализирана во соработка со Огнен Неделковски, кој се јавувава како автор на текстот и Кокан Палашев кој е потпишан под реализација на видео спотот.

“Целиот албум е едно мало експериментирање, аранжмански и стилски помегу мојот матичен стил Гранч и модерниот хио хоп, рнб звук. Направив некоја мешавина што може и ќе и се допадне на публиката, сепак таа го има послледниот збор“ изјави Роберто Поп Димитров.

Музика, аранжман и продукција – Роберто Поп Димитров
Вокал – Роберто Поп Димитров – Кентаур
Текст – Огнен Неделковски
Видео Продукција – Кокан Палашав
Актер – Весна Дуева
Кентаур Продукција 2021

РАЗБУДИ СЕ ВО МЕНЕ

Ако отвориш врата
Ти во ниедно време
Може скитник да влезе,
Да те загрози тебе,
Запеј во себе, запеј во себе…

Ако постои начин
Да се победи крајот
Ќе го преселам стравот
Негде јужно од рајот, јужно од рајот, во куфер за крајот…

Разбуди се во мене,
Гитарата да види,
Погледни ме во очи,
Ко икона ти биди, биди !

Ако запалиш оган
Среде снегови бели
Јас нема да дадам
Никој да не’ дели,
Ти си моето сонце небото ми вели, небото вели !

Ако посакаш ноќва
Песна за тебе
Дождовните капки
Ќе ме донесат мене,
Ќе те прегрнам силно и заштитам од сите,
Ќе те чувам од сите !

Разбуди се во мене,
Гитарата да свири,
А срцево што скита
Крај тебе да се смири, смири !