Се очекува вонземјаните да стапат во контакт со луѓето

560

Американската Агенција за национална безбедност објавила документ „Комуникација со вонземјанска интелигенција“ во кој предупредиле дека вонземјани би можеле да стапат во контакт со луѓето преку високофреквентни сигнали и додале дека „не сме сами во вселената“.

Декласифицираниот документ објаснува различни методи кои вонземјаните би можеле да ги користат за комуникација.

„Не сме сами во вселената. До пред неколку години ова не звучеше уверливо, но денес постоењето други интелигентни суштества во вселената го земаме како нешто што е сигурно“, пишува во документот.

Еден од начините на кои вонземјанските цивилизации би можеле да дојдат до човештвото е преку сигнал со фреквенција од 1420,405752 мегациклуси во секунда и бранова должина од 8,26 инчи.

Велат и дека веруваат дека најблиските интелигенти суштества во вселената ни се оддалечени на стотина светлосни години, но и дека се согласуваат со светски познатиот астроном Бернард Ловел кој вели дека во вселената постојат барем стои милиони ѕвезди кои би можеле да поддржат органска еволуција.