Михаил Лабковский | Здрава личност не сака да се мажи

2205

Рамнодушни на зборовите на Михаил Лабковский нема: некои целосно ги прифаќаат, а некои со неодобрување негираат.

Но, и за едните и за другите неговите зборови имаат огромна моќ. Тие се базираат на “здрав цинизам” и долгогодишно искуство.

20 цитати на познатиот психолог

1. Здрава личност не сака да се мажи. Првата работа што треба да направите – е да престанете да сакате да се мажите. Со други зборови, ако сакате да се мажите, треба да престанете да размислува за тоа, самата идеја да ја направите безвредна.

2. Залог за среќен семеен живот, брак и секс со само еден партнер, само е во едно – во стабилна психа. Без отстапки и компромиси – ова е директен пат до кардиолог или онколог. Кога човек има стабилна психа, тој може да живее само со еден партнер цел живот. И да го сака.

3. Луѓето не се сакаат поради тоа, што некој некому се поклонува. Жената за мажот е само празен простор, ако тој не може да каже за неа, која е таа, што е таа и што таа сака за појадок. Парадоксот е во тоа да кучкастите жени мажите ги обожуваат.

4. Причината за проблемите на жените не е во фактот што таа се однесува како коза. Причината е во тоа што таа има нервоза, која бара излез. А за тој излез потребен и одреден маж и врска во која таа би можела да пати. Затоа намерно влегува во такви односи, бидејќи од детството има психолошка потреба за тоа.

5. Ние ја мериме љубовта со нивото на страдање. Во здрава љубов – зборот е за тоа колку сте среќни.

6. Кога стјуардесата на летот ги покажува средствата за спасување, што вели за маската за кислород? “Ако патувате со деца, прво себе ставете си маска, а потоа на детето.” Во тоа е трикот. Секој се обидува да му помогне на детето, и остануваат апсолутно неурамнотежени. Така тоа не се работи. Ако сакате на вашето дете да му биде добро, прво направете нешто со својата глава.

7. Мажите се така организирани уште од времето со својата мајка, приоѓаат само на оние кои со очите им даваат одобрување. Здравиот маж е како дете. Приоѓа кога жената му се насмевнува, гледајќи го во очи …

8 Здравите луѓе секогаш избираат во корист на самите себе, а невротичните – во однос на штета на себе, тоа е главната разлика.

9. Во една врска жената никогаш не треба да толерира она што не ѝ се допаѓа. Веднаш треба да зборува за тоа, а ако мажот не се менува, треба да се разведе од него.

10. Мажите се како деца, им се допаѓа кога жената има карактер.

Продолжува на страна 2