
11. Ако човек на некој друг човек му го заменува целиот свет, тоа значи дека свој свет тој едноставно нема.
12. Осаменост – тоа не е недостатокот на љубов наоколу. Тоа е недостаток на интерес за себе, при тоа уште од детството.
13. На сметка на барање партнер ќе кажам, а кого тоа бараш? Единствен квалитет кој може да биде кај твојот партнер – тоа е тоа, тој де те фати. Сѐ друго воопшто не е важно. Ако го сакаш, се грижиш за него, тогаш не постои “јадица”.
14. Што треба да се направи за да се стапи во брак? Треба да се направи само една работа – да се биде само свој. Тоа е доволно. И да се сака во принцип, само заради тоа.
15. Дали знаете која е принципиелната разлика меѓу здрава личност и невротична личност? Здравите луѓе страдаат, но заради вистински приказни. Невротичните страдаат поради фиктивни приказни. А ако страдањата не се доволни, мора уште да ги зголемат со своите сакани Кафка, Достоевски и со шише.
16. Ако не ви се допаѓа како се однесува мажот, не треба да барате изговори за неговото однесување. Ситуацијата во која “не повикал” за здрава девојка значи крај на врската, за нездрава – почетокот на љубовта.
17. Како што кажал писателот Кристофер Бакли (автор на романот Thank you for smoking, постои уште и тој филм), не треба да се јаде во ресторан со име “Како кај мама” и да се оди во кревет со жена која има повеќе проблеми од тебе.
18 Скромноста никого не украсува. Заради искомплексираноста, несигурноста и ниската самодоверба девојката живее без секс и односи, а не поради тоа што е лоша, туку поради лошите односи кон себе. Задачата на психолозите е да ја спаси од тоа.
19 Семејна терапија тоа е развод. Само еден вид семејна терапија сметам дека навистина е корисна – медијација на психолог при развод. Но, токму тоа во Русија не се практикува.
20. Единственото време во животот на еден човек, кога тој објективно е зависен и кога може да се смета за заложник – е детството и зависноста од родителите. Тоа трае релативно кратко време. Во сите други случаи, останување во секој друг однос е избор на возрасен човек.
Преведен текст: econet.ru


















