Веројатно многу добро знаеме кои се најголемите емотивци и кои се нарцисите меѓу хороскопските знаци. Се разбира, Раковите и Лавовите. Сепак, дали знаете кој е најголемиот патник? Кој знак на Зодијакот е секогаш желен да се забавува добро?
Се работи за огнен знак, чии членови се родени во доцната есен: Стрелец.
Љубопитен и енергичен, Стрелецот е најголемиот авантурист меѓу знаците на Зодијакот. Тие имаат многу филозофски поглед на светот и отворен ум. Тие се најмногу исполнети кога заминуваат во далечни егзотични места и запознавање нови, интересни луѓе и култури.
Со овој хороскопски знак управува Јупитер, планета со благородна и длабока природа. Донесува правда, благородност, изразени етички вредности и не е ни чудо што овие квалитети го опишуваат Стрелецот.
Луѓето родени во овој знак не ги интересира површноста и светот на материјализмот, туку само суштинското, трајното. Затоа Стрелците се најголемите љубители на природата, морето и планините.
Тие не ја наметнуваат својата волја, но исто така не сакаат другите да им ја „гушат слободата“.
Тоа е основната филозофија на Стрелецот. Тие не им судат на другите, но не трпат кога некој сака да им ја ограничи слободата.
Тие тешко страдаат од монотонија и рутина на секојдневниот живот. Како носители на постојан оптимизам, тие секогаш црпат доволно сила од себе за следната авантура. Духовниот немир ги принудува да пробаат што повеќе работи пред да се решат за најприфатливата. Тие се истакнуваат во општеството по непосредност и бодрост, но често се нетактични.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















