Тие се многу добронамерни
Стрелецот никогаш нема намерно да ве навреди. Понекогаш тие можат да бидат индискретни, но бидете свесни дека тоа не е намерно. Овој Зодијак е толку оптимист и весел што секогаш, без проблеми, ќе му простите сè.
Слободно кажете му дека ви пречи нешто што го кажал. Ќе видите, нема да се повтори.
Стрелците се милостиви, тие ги штитат послабите од нив самите, никогаш не очекувајќи ништо за возврат. Одмаздата е туѓа за овие софистицирани природи кои одбиваат да го препознаат непријателот.
Тешко е да се живее со нив
Ако сакате мирен живот, Стрелецот не е добар партнер за вас. Нивното разбирање за сериозна врска, семејство и брак, поради силната желба за слобода, е малку невообичаено.
Луѓето родени во овој знак вешто го чуваат својот свет за себе. Сепак, не треба да се заборави дека тие никогаш нема да се обидат да ве спречат да ги реализирате вашите планови и соништа.
Иако ова е знак на „вечни ергени“, Стрелците можат да бидат извонредни брачни партнери, отворени за секаков вид на договор и соработка.
Сè на сè, Стрелецот е еден од најхрабрите и најубави хороскопски знаци, чии припадници имаат многу здрави морални ставови и поглед на светот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















