Темната страна на електрификацијата | „Евтините автомобили“ би можеле целосно да исчезнат од пазарот

817

Ако автомобилот одеднаш биде достапен само за богатите, тоа ќе создаде опасна ситуација, објасни Zipse.

Одредувањето фиксен датум за забрана за продажба на автомобили на бензин може да ги отстрани „евтините автомобили“ од пазарот, а многумина не можат да си дозволат електрични, предупреди извршниот директор на германската BMW.

Говорејќи пред најавата за инвестиција од 1,7 милијарди долари во производството на електрични возила во САД, Oliver Zipse во интервјуто вчера нагласи дека BMW не одредил датум за прекин на производството на бензински автомобили и предупреди дека нивната продажба не треба да се забранува.

Не сакаме автомобилите да бидат истиснати од основниот (потрошувачки) сегмент, тоа е особено опасно на политичко ниво, рече Zipse. Ако автомобилот одеднаш биде достапен само за богатите, тоа ќе создаде опасна ситуација, објасни тој.

Да бев политичар, ќе бев крајно внимателен… бидејќи регулативата всушност ќе ги отстрани автомобилите (од пазарот), изјави шефот на германскиот производител на луксузни автомобили. Тој истовремено нагласи дека BMW е подготвен, каде прописите налагаат, само модели со нула емисија на штетни гасови.

Ќе имаме доволно автомобили, рече тој.

BMW поддржува амбициозни регулативи, рече Zipse, но ако одредите фиксен датум за запирање на продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување, може да се случи луѓето да продолжат „да ги возат своите стари автомобили – а тоа не е нашата цел“.

Ништо моментално во светот не укажува на заклучок дека моторите со внатрешно согорување ќе ги прегази време во следните 15 години, нагласи тој.

Американскиот General Motors објави дека повеќе нема да продава бензински автомобили од 2035 година. Во август, Калифорнија усвои регулативи според кои само нови електрични возила или plug-in хибриди може да се продаваат почнувајќи од таа година.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека од 2030 година електричните возила и plug-in хибридите треба да сочинуваат половина од новите продадени возила, но тој не одреди датум за почеток на нивното постепено повлекување од салоните за автомобили.

BMW очекува возилата со нулта емисија на штетни гасови да сочинуваат најмалку половина од неговата продажба до 2030 година. Годинава продажбата на електрични возила би требало да се зголеми повеќе од двојно, прогнозираат тие.