Големо откритие! Археолозите во Турција ја пронашле гробницата на Свети Никола

1936

Досега се верувлое дека неговите останки во Бари ги донеле италијански трговци.

Големо откритие во Турција. Научниците го пронашле гробот на Свети Никола во остатоците од старата црква, која во средниот век била потопена поради подигнувањето на нивото на морето. Над гробот, на темелите на потопената црква, е изградена нова византиска црква, која во 1982 година е прогласена за споменик на светското културно наследство и која до сега ја чувала оваа голема тајна.

Ова откритие е уште еден доказ за претходните тврдења дека Свети Никола живеел и умрел во Турција. Овој светител, кој живеел помеѓу 270 и 340 година, е роден во богато семејство и откако неговите родители починале за време на епидемија, тој наследил големо богатство. Но, тоа богатство не го потрошил на себе, туку им го дал на сиромашните, а тој е инспирацијата зад приказната за Дедо Мраз, истакнува Daily Mail. Свети Никола бил епископ во Myra, а по наредба на царот Диоклецијан извесно време поминал во затвор.

Првата црква која била потопена од растот на Средоземното Море е откриена пред 5 години за време на електронско истражување под новата црква која била изградена неколку века подоцна и ја именувале црквата Св. Никола. Во неа археолозите откриле мозаик и камен под од претходната црква, под кој е откриен гроб, во кој, според истражувачите, навистина се чуваат посмртните останки на овој светец.

Според претходните документи, се верувало дека неговото тело е погребано во црквата што го носи неговото име, но точното место на погребот отсекогаш било мистерија. Научниците веруваат дека по неговата смрт бил погребан во црква во Demre, Турција, а според претходните верувања, неговото тело во 11 век било прошверцувано во италијанскиот град Бари.

Но, турските археолози сега тврдат дека коските прошверцувани во Италија не припаѓаат на Св. Никола, туку на непознат свештеник, додека посмртните останки на овој славен светец цело време останале на истото место, во гробницата која сега е откриена.