Лекови на кои им истекол рокот
Освен што не се препорачува консумирање на лекови и козметика по истекот на рокот, се чини дека нивното чување е лошо за домот. Тие според фенг шуи содржат токсична енергија, која во голема мерка може да ви го искомплицираат одморот, како физички така и психички. Затоа, прегледајте ги шкафчињата и кутиите, па ослободете се од сите лекови на кои им е истечен рокот на траење. Полесно ќе ја ублажите анксиозноста и повеќе ќе уживате во вашето слободно време.
Стара храна во ладилникот
Фенг шуи храната ја гледа како симбол на способноста да примате и давате љубов. Затоа, фрижидерот полн со стара, скапана храна, може сериозно да ја загрози вашата врска. Проверете го еднаш неделно, но не заборавајте на долапите и на другите места каде што чувате храна. Фрлите сѐ што не е за јадење.
Слики на поранешна љубов
Дури и ако сте во добри односи со вашиот поранешен партнер не е здраво да имате фотографии на видни места. Фотографиите сами по себе содржат силна енергија и имаат големо влијание на вашата потсвест. Ако сакате да си направите простор во вашиот живот за трајна и здрава врска, ставете ги старите фотографии во албуми или кутии. Тоа ќе биде симбол на вашата желба за нова конекција која полесно ќе ја привлечете.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















