Јадете совесно
Ако прашате некого „Што јадеше вчера?“, голема е веројатноста дека воопшто нема да се сеќава ниту на последните два до три оброка. Заради тоа, поголемиот дел луѓе развиваат лажни убедувања за тоа што јаделе, најчесто мислат дека помалку изеле и немаат проблем да изедат екстра храна кога навистина нема потреба за тоа.
Намалете го шеќерот на половина
Ако преферирате да ставате по две лажички шеќер во кафето, намалете на една. Ако ставате една лажичка, намалете на половина. Дури и во десертите кои ги јадете гледајте да ставате помала количина на шеќер од онаа која оригинално е запишана во рецептот.
Пијте вода пред јадење
Нашето тело често мисли дека е гладно кога во реалноста е жедно. Па, наместо веднаш да почнете да јадете кога сте гладни, напијте се чаша вода и проверете случајно да не сте жедни. Ако гладот и понатаму не поминува, тогаш ќе знаете дека е време за храна.
Вежбајте секојдневно, зголемете ја мускулната маса
Со годините мускулите се намалуваат, а се зголемува масното ткиво, па добро е секојдневно да вежбате за да ги одржувате мускулите, а салото да го согорувате и трошите. Ако не сакате да плаќате за теретана, добро е и да чистите по дома, брзо да се движите или да џогирате.
Намалете го внесот на алкохолот
Алкохолот содржи многу празни калории и исто така, го стимулира вашиот апетит. Па на крајот не само што ќе внесете многу непотребни калории од пијалаците, туку и ќе ви се јаде, па најверојатно ќе завршите со нешто нездраво доцна во ноќта. Најдобро е да се држите што е можно подалеку од алкохолот или барем да го пиете во умерени количини.



















