Аутизам е општ израз кој се употребува за опишување на група од сложени развојни мозочни нарушувања во развојот познати под името Проблем на основно психолошко функционирање (Pervasive Developmental Disorders – PDD).
Останатите первазивни нарушувања во развојот се PDD-NOS (неспецифичен – PDD – Not Otherwise Specified), Аспергеров синдром и Дезинтегративно нарушување во детството. Многу родители и стручни лица таа група ја нарекуваат Спектар на аутистични нарушувања.
Можат да се сретнат и изразите Класичен аутизам или Канеров аутизам (наречен по првиот психијатар кој го опишал аутизмот) кои се користат за опишување на најтешките облици на нарушувања. Дијагностички и статистички прирачник на ментални нарушувања (Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders) на Американското психијатриско здружение е главниот дијагностички референтен прирачник кој го користат психијатри и осигурителни друштва во Америка. Актуелното (четврто) издание , објавено 1994 година, најчесто аутизмот го именува како „DSM-IV“. Дијагностицирањето на аутизмот бара регистрирање на најмалку шест развојни и бихејвиорални карактеристики, присуство на проблеми пред третата година од животот, како и непостоењето докази за одредени други слични состојби.
Ова здружение аутизмот го дефинира како развојно – первазивно нарушување кое го карактеризираат :
– Оштетувања во комуникацијата и социјалната интеракција
– Ограничени, репетитивни и стереотипни модели на однесување, интереси и активности
Станува збор за сложено невролошко нарушување кое влијае на функционирањето на мозокот. Симптомите на аутизмот можат да бидат присутни и во различни комбинации. Некои лица со аутизам имаат нормално ниво на интелегенција, додека повеќето од нив имаат одреден степен на интелектуална неспособност која се провлекува од благо до изразено заостанување. Тој степен на заостанување најчесто се означува како високо функционален аутизам до ниско функционален аутизам.
Продолжува на страна 2