Момче со аутизам попаметен од Ајнштајн | Видео

177

Кога Џејкоб Барнет имал само две години, добил дијагноза умерен аутизам. Лекарите на неговите родители им кажале дека момчето веројатно никогаш нема да проговори, да чита, ниту да ги извршува секојдневните активности како врзување врвки.

Меѓутоа, тоа било неверојатна грешка.

Барнет денес има 14 години и е студент на мастер студии. Целта му е да ја одбрани докторската дисертација на тема квантна физика.

Овој тинејџер има коефициент на интелегенција 170, а откако запишал студии на Универзитетот во Индијана кога имал десет години, според неговите родители, „процветал“.

Според извештајот на списанието „Тајм“ од 2011 година, не само што веројатно е поинтелегетен од Ајнштајн, туку постои можност еден ден да ја собори неговата теорија на релативноста.

Освен бројните обврски на студии, Барнет, кој има Аспергеров синдром, исто така и е претприемач и писател.

Тој со родителите покренал добротворна организација „Џејкобс плејс“ (Jacob’s Place) која ја подигнува свеста и ги разбива предрасудите за аутизмот.