Причини за аутизам
Причина или комбинација на причини за појава на аутизам не се во целост познати. Постојат се повеќе докази дека аутизмот е генетска состојба и вклучува неколку различни гени. Произлегува дека начинот на генетска трансмисија е исклучително сложен, па научниците во својата работа се насочиле на пронаоѓање на оние гени кои доведуваат до аутизам и на пронаоѓање начини на делување на тие гени.
Исто така, докажано е дека кај децата со аутизам, многу почесто околку кај децата кои немаат аутизам, преовладуваат проблеми во раната бременост кај мајката, при породувањето или дури и по породувањето. Заедно со генетската чувствителност кај детето, значително влијание можат да имаат и настани во текот на раното детство или причинители од средината. Се претпоставува дека мозоците на поединци со аутизам имаат одредени структурни и функционални разлики од мозоците на другите луѓе.
Дијагностицирање на аутизам
Дијагнозата за аутизам ја поставува лекар или клинички психолог кој има специјализирано на подрачјето аутизам. Во идеален случај проценката и дијагностицирањето би требало да го врши мултидисциплинарен тим составен од педијатар или психијатар, психолог и логопед. Психологот своите проценки најчесто ќе ги донесува со собирање информации за развојните нивоа и однесување, логопедот ќе го проценува говорот, јазикот и однесувањата поврзани со комуникација. Бидејќи многу од карактеристиките на аутизмот се присутни и во други видови нарушувања, медицинската проценка е насочена на утврдување на останатите можни причини за постоечките симптоми. Медицинската и развојната анамнеза се добива со помош на разговор со родителите. Добиените информации се поврзуваат со другите проценки за да се добие целосна слика и да се утврдат другите контрибутивни фактори.
Состојби кое се класифицирани како развојно – первазивно однесување (РПО) се :
- Аутизам
- Дезинтегративно нарушување на детството ( DPD )
- Ретово нарушување
- Аспергерово нарушување
- Неспецифично развојно – первазивно нарушување (NRPP)
Продолжува на страна 4


















