Жените кои користат контрацептивни апчиња се заштитени од некои видови на рак во период оф 30 години, покажа едно истражување.
Според научниицте, жените кои користат таблети за контрацепција имаат помали шанси за рак на дебелото црево, ендомтеријата или јајниците, од оние кои не користат контрацепција.
Истражувачите од Универзитетот во Абердин го проучувале ризикот од заболување на рак кај жени кои во текот на репродуктивниот период користеле контрацептивни апчиња и откриле дека тие не биле изложени на ризик за заболувања, подоцна во животот.
Во истражувањето кое се спроведувало во изминатите 44 години, учествувале 46.000 жени.
– Со оглед на тоа дека студијата трае толку години во можност сме да следиме долгорочни резултати поврзани со таблетите. Тоа што го дознавме врз основа на податоците кои се собирани 44 години е дека жените кои користеле контрацептивни таблети имаат помала веројатност да се разболат од рак на дебелото црево, ендометријата и јајниците. Значи, поради користење на апчиња во текот на репродуктивниот период, жените се заштитени најмалку 30 години откако ќе престанат да ги користат. Не најдовме никакви докази за нови ризици за рак кај жените кои стареат, изјави докторката Лиза Иверсен.