Google ќе ги блокира сите веб-страници со информации за опасностите од вакцините, ГМО и канцерогените состојки во лековите

5363

Многупати пишувавме за фактот дека нашата „цивилизација“ се претвора во орвелијански хорор со помош на психопатија што ги ифицира сите пори на општеството.

Фармацевтската мафија ни го уништува здравјето, банкарското лоби нè претвори кредитнодолжнички робови, медиумите се психопатични додворувачи, а социјалните мрежи и интернетсиките пребарувачи им служат исклучиво на западните „министерства за вистината“, на кои и самиот Goebbels би им завидел. Во такво опкружување, не е изненадувачки што деловната одлука на Google ќе ги блокира до крајот на 2020 година сите веб-страници кои ги разоткриваат криминалите на големата фармацевтска мафија. Со други зборови, ако сакате да бидете добро информирани за основните информации поврзани со нашето колективно здравје – тогаш можете да заборавите на Google.

Google стана најважното оружје за цензура на Интернетот.

Google веќе создаде серија алгоритми кои без напор ќе ги отстранат информациите што и штетат на фармацевтската мафија, но по историската судска битка во која германско-американскиот ГМО гигант Monsanto загуби со казна 2 милијарди американски долари, ќе се блокираат и веб-страниците кои известуваат за опасностите кои ги носат генетски модифицираните производи, а особено внимание ќе се посвети на оние што објавуваат студии за канцерогеноста на GLYPHOSAT-от, како и канцерогените и токсичните соединенија на живата и алуминиумот во вакцините.

Орвелијанската цензура и чистка на основните информации

Откриено е како финалната чистка е започната кон крајот на минатата година, и дури сега невидливи се најпознатите веб-страници кои даваат информации за природните лекови против ракот и оние кои детално ги изнесуваат научно потврдените ризици од развојот на карцинозните заболувања и производи, и технологиите кои предизвикуваат рак, од 5G до текстилните бои во слатките, сладоледите и бонбоните.

Matrix World стана скоро невидлив од почетокот на „чистката“, имено од 2016 година до денес имаме 70% помалку посетители во целокупниот сообраќај, но нашата видливост на Google е намалена за скоро 100%. Во 2015 година имавме 11 милиони уникатни посетители и во 2019 година немаме ниту еден милион.

По ова, би можеле да констатираме дека, можеби во сета оваа бркотница, лани ова време, поради објавите за Вакцини5G технологијата, темите за HAARPMonsanto, Chemtrails, GLYPHOSATнашиот портал (www.kukuriku.com.mk) беше нападнат, и од кој се отсранети над 50 000 тематски текстови, скоро сѐ она што до сега сме работеле, во период кога со 60 000 фанови имавме над 45 000 посети дневно.

Инаку, во 2016 година, Google, во соработка со социјалните мрежи, започна да ги претвора алтернативните веб-страници и нивните фан-страници во невидливи интернет-духови. Првиот чекор беше да се намали видливоста и бришењето на бројот на кликови на страниците, но и намалување на бројот на уникатните посети. Иако не се сметаме за еднакви на Sott, GreenMedInfo и NaturalNewsи те како „чувствувавме“ што значи кога ќе ве фати семоќната рака на модерната цензура.

Google веќе цензурира информации за органска исхрана, намирниците и суплементите, и директно влијае врз мислењата на милијарди луѓе.

FACEBOOKE, каде што е и нашиот fan page, помина низ слична чистка. Во 2015 година имавме 140.000 посетители на ден, додека денес сме среќни ако видиме 20 000 луѓе на нашите објави.

Лек против цензура – постои ли?

Против Google и слични на него можеме да се бориме само на еден начин – со преминување кон нови пребарувачи и веб прелистувачи.

Солиден пребарувач е DuckDuckGo, а одличен интернет прелистувач е рускиот Yandex. Ниту DuckDuckGo ниту Yandex не ги собираат вашите приватни информации, ниту пак ве следат како што тоа го прави Google, затоа тие се всушност многу побрзи. За успешна борба со цензурата, вреди да се помогне и активно да им се помогне на оние кои биле нападнати. Доволно е секојдневно да ги поминувате вредните веб-страници кои се мета на нападите од Google секој ден. Од една страна, ќе добиете нови вредни информации, а од друга, ќе им помогнете на истите во читањето кое секој дене е помалку и помалку, благодарение на невидената чистка.

Google će blokirati sve web stranice s informacijama o opasnosti cjepiva, GMO-a i kancerogenih tvari u lijekovima