Брисел: Нема да бидеме заморчиња на 5G мрежата!

4506

Брисел го суспендира воведувањето на 5G технологијата низ целата земја поради “здравствените проблеми” околу потенцијално опасните нивоа на зрачење што се емитираат од антените.

“Ние не можеме да воведеме таква технологија ако не ги почитуваме стандардите на зрачењето кои мора да ги штити граѓаните”, рече министерот за животна средина Селин Фримал (CDH). “Луѓето од Брисел не се заморчиња чие здравје можат да го продадат за профит. Ништо не можеме да оставиме на сомнежи.”

Пилот-проектот не е изводлив со сегашните стандарди на зрачења, а Фримал изјави дека нема намера да направи исклучок, пишува Brussettimes. Регионот Брисел има особено строги стандарди за радијација за телекомуникациски апликации. Стандардот од 6 волти по метар веќе доведе до проблеми и кај мобилниот интернет преку 4G мрежата во главниот град на Белгија.

– Минатата недела владите во Белгија не успеале да постигнат договор за лиценцата на 5G мрежата и негово воведување во оваа земја. Документите со овој случај останаа заглавени во дистрибуцијата. Следната влада која доаѓа на власт ќе се позанимава со овој предлог, рече министерот за телекомуникации, Филип де Бејкер.

Се надеваме на добро дека следната влада ќе пресуди против воведувањето на 5G мрежата. На крајот на краиштата, повеќе од 200 научници и лекари потпишаа петиција со кја се бара мораториум за инсталирање на 5G мрежната технологија поради биолошки и еколошки ризици, а телекомуникациската индустрија дури не може ниту да докаже дека е безбедна.

5G мрежата веќе е инсталирана некаде на друго место и има здравствени последици. Минатата година во Англија добиен е судски спор. Откако мрежата 5G била инсталирана на уличните светилки, жителите се разболеле, а некои жени раѓале мртви бебиња. Исто така минатата година, 5G била инсталирана во Њујорк, а жителите пријавиле дека се разболеле, како и нивните миленичиња. Некои дури ги продале своите домови и се преселиле на други места.

Ова не се работи само за 5G мрежата. Телекомуникациските компании веќе неколку години ги предупредуваа вложувачите дека со текот на времето ќе бидат одговорни за измамнички постапки и штети поради нивните уреди и инфраструктури. Сè уште нема “безбедно” ниво на изложеноста на децата или бремените жени од било кој извор на мобилно или безжично зрачење кое е научно утврдено.