Еве како неверството на партнерот да го завртите тоа во ваша корист

233

Кога било кој човек ќе ве предаде – се чувствувате уништено. Кога ќе ве предаде саканото лице, исто така се чувствувате многу, многу лошо. Кога човек ќе се поздрави со своето минато, се отвара нов пат кој води напред.

Токму болката и страдањето кои човекот во тој момент ги доживува стануваат тоа што подоцна му помага да зајакне.

Најголемата енергија која ни помага да успееме, да победиме се е токму душевната болка.

Кога ќе дојде до неверство, предавство, другата страна, онаа изневерената, доаѓа до некаков вид на ѕид, кој тешко се надминува. Во таквите моменти, душевната болка помага да се надминат сите ограничувања, да се разбистри умот и личноста конечно да тргне кон подобар живот. Болката е поттик човекот нешто да промени во животот. Тоа ни е запишано при раѓањето, велат социолозите.

За човек да тргне напред, животот секогаш „му мести“ нешто да загуби. И во такви околности, се останува на изборот: или да живеете во минатото и да жалите или да одите напред.
профимедиа

Човекот е себично суштество, затоа сака да биде главен и да контролира се во животот. Во моментот кога ќе му се случи тоа да биде изневерен, тој станува гневен, но гневот може да му помогне повторно да тргне напред.

Тешко е бидејќи толку многу сте планирале, а сите ваши планови пропаднале во вода. Тогаш доаѓа до болка и страв, дека ќе изгубите се што имате, дека животот ќе се промени, а човекот најмногу се плаши од промените.

Оттргнете го стравот и дозволете и на промената да го заврти вашиот живот на подобро. Помирете се, насмејте се, тагувајте и тоа е здраво додека е повремено, исплачете се, потоа свестете се и направете чекор напред. Кон подобро!