Европските градови во иднина ќе се соочат со милиони смртни случаи од екстремни горештини

124

Доколку не се преземат многу силни мерки за ублажување на последиците од климатските промени, Европа се соочува со тешки времиња во иднина, предупредуваат научниците.

До 2099 година, големите европски градови би можеле да се соочат со дополнителни 2,3 милиони смртни случаи поврзани со топлина, покажа најновото истражување. Северните градови како оние во ОК може да забележат помалку такви смртни случаи имајќи предвид дека намалувањето на смртните случаи поврзани со студ може малку да го надмине зголемувањето на смртните случаи поврзани со топлина.

„Проценуваме благ нето пад, но тој е многу мал во споредба со големиот пораст што можевме да го видиме во медитеранскиот регион“, вели Pierre Masselot од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

Тимот на Masselot ги анализираше епидемиолошките студии кои ги поврзуваат екстремните температури со смртноста и ги искористија овие податоци за проектирање на промени во различни сценарија за затоплување. Студијата, која се фокусираше на 850 градови, што претставува 40 отсто од населението во Европа, ги исклучи руралните области поради послабите статистички врски во ретко населените региони.

Резултатите од ова истражување беа објавени во списанието Nature Medicine.

Без адаптивни мерки, нето влијанието на климатските промени значително би се зголемило со зголемувањето на температурите. Во сценарио кое ги одразува тековните трендови, смртните случаи поврзани со топлина може да се зголемат за 50 отсто, од 91 лице на 136 на 100.000 луѓе годишно до 2099 година.

Можни решенија за ублажување на мрачните прогнози

Стратегиите за ублажување, како што се проширување на употребата на климатизација и садење дрвја во урбаните области, би можеле да ги намалат овие бројки. Сепак, Masselot предупредува дека се потребни многу посилни адаптивни мерки за значително да се намали ранливоста на населението од екстремни горештини.

Тоа е многу повеќе од она што веќе го забележавме во многу земји во светот, посочува тој.

Проекциите на гореспоменатата студија се базираат на просечните дневни температури, но не ги земаат предвид екстремните топлотни бранови.

„Откривме дека ова е обично доволно добро за да можеме да ја поврземе смртноста со температурата“, вели Masselot.

Таа опширна студија сугерира дека дури и Франција и Германијаќе се соочат со значително зголемување на смртните случаи поврзани со температурата додека Европа продолжува да се загрева.

Смртноста е само дел од приказната, додава Masselot, нагласувајќи ги пошироките влијанија од зголемувањето на температурите врз здравјето и продуктивноста.

Извор: New Scientist