По најавениот граѓански бојкот на маркетите, утре за најмалку 10% пониски цени своите производи ќе ги продаваат повеќе пекари, слаткари, месари, сендвичари и киосци за храна и пијалоци, по постигнат договор со Занаетчиската комора.
По најавениот граѓански бојкот на маркетите, утре за најмалку 10% пониски цени своите производи ќе ги продаваат повеќе пекари, слаткари, месари, сендвичари и киосци за храна и пијалоци, по постигнат договор со Занаетчиската комора на Македонија- информираат оттаму.
Велат оваа иницијатива не претставува само реакција на моменталната состојба, туку порака граѓаните постојано да ги подржуваат домашните занаетчии, микро и мали производители..
„Цените кај занаетчиите кај малите бизниси и занаетчиите се веќе многу пониски и подостапни, а со оваа дополнителна мерка сакавме да им дадеме уште поголем стимул на потрошувачите и граѓаните да купуваат локално. Она што исто така апелираме до сите граѓани е не само за време на бојкотот туку постојано да ги избираат малите занаетчии и локалните трговци.“, вели Јелена Спасова – извршен директор на Занаетчиската комора.
По најавите на премиерот Мицкоски за ригорозни контроли кај трговците, од ДПИ за Канал 5 велат дека низ територијата на целата држава има засилен испекциски надзор. Се проверуваат маржите на маркетите, трговците, но и на производителите и увозниците. Детална анализа оттаму најавија за една недела, поради обемноста на документацијата.
Во меѓувреме ден пред бојкотот дел од маркетите се решија да започнат со акции за снижување на цените, додека пак дел ги зголемија.
На социјалните мрежи граѓаните споделуваат и дека некои од маркетите се одлучиле да прават попис. Револтот од високите цени,поради кој започна и самата иницијатива е присутен и кај најголемикот дел од граѓаните кои ги анкетиравме. Велат иако се скептични околу крајниот исход од бојкотот, сепак ќе го подржат.
„Без разлика дали ќе се приклучам или не они ќе си го тераат своето. Мое мислење, па сега за понатака ќе видиме резултатите ќе кажат дали понатаму , Секој ден дигаат цени нема граница, ќе се приклучам, Дали ќе се приклучите и зошто? (превод) 100% да бидејки ова веќе не се знае што се прави. Верувам дека би требало да биде подобро, но нема шанси Наместо да бојкотираат вака во групи, нека си водат лична политика секој, што му е скапо скапо што не му е нека купува, друго чаре нема. Регулација државата не смее тука да се меша, ако си многу скап и не квалитетен нема ништо да продадеш.“
Пазарењето во маркетите ќе се бојкотира речиси во целиот регион, од утре и во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Иницијативата прва ја започна Хрватска минатата недела, а од вчера таму повторно започна бојкот, овојпат во траење од 7 дена.



















