
Поминаа многу години од силниот земјотрес што го погоди Скопје.
Сведоци сме и на последователните кои само не потсетуваа на оној од 63та, и секогаш не оставаа во страв и исчекување да не бидат толку катастрофални и со тешки последици. Да се потсетиме дека траел 20 секунди со помали потреси, и измерени 9 степени по Меркалиевата скала, односно 6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала.
Сепак овие показатели се далеку од апокалиптичното сценарио за кое ќе зборуваме овде.
Сега да обрнеме внимание на шпекулативното сценарио: Како би изгледал земјотрес со јачина од 10 степени?
Земјотресот Valdivia во централно Чиле, кој се случил во неделата на 22 мај 1960 година во 15:11 часот по локално време, е најмоќниот регистриран земјотрес на Земјата, со јачина од 9,5 степени. Но, кога зборуваме за магнитуда 10, првото нешто што обично ни паѓа на ум се холивудските филмови за катастрофи, на пр. „San Andreas“ од 2015 година со Dwayne Johnson во главната улога.
Катастрофална закана
Тоа не е случајно. Раседот San Andreas, кој поминува 1.200 километри низ Калифорнија, е дел од границата помеѓу тектонските плочи на Тихиот Океан и Северна Америка. Целото подрачје има висок степен на ризик од земјотреси, а просечната стапка на лизгање по целиот расед се движи од 20 до 35 mm годишно.
Сепак, вистинската опасност може да лежи малку подалеку на север – во зоната на субдукција Cascadia во северозападниот дел на Тихиот Океан. Овој расед, кој се протега на 1.000 километри, од северна Калифорнија до канадската провинција British Columbia, претставува катастрофална закана. Крајбрежните градови како Seattle би биле во епицентарот на уништувањето. Но, за разлика од Јужна Калифорнија, каде што постојат системи за рано откривање, Cascadia ја нема таа витална технологија.
За почеток, треба да запомниме дека Рихтеровата скала е експоненцијална: секое ниво е десет пати посилно од претходното. Значи, магнитудата 10 е десет пати посилна од магнитудата 9. Претходните масовни земјотреси, како што се чилеанскиот 9,5 и јапонскиот 9,1, убиле десетици илјади луѓе и уништиле многу градови. Зоната на субдукција Cascadia, сепак, има потенцијал за уште поголемо уништување, што ја прави една од најстрашните земјотресни зони на Земјата.
Значи, како би изгледал земјотрес со јачина од 10 степени според Рихтеровата скала што ќе ја погоди таа област?
Продолжува на страна 2 ⇓