Зелениот чај ги топи масните наслаги

101

Зелениот чај повторно е во центарот на вниманието. Освен што изобилува со антиоксиданси, се најде и на листата „производи за слабеење“.

Поради своите прехрамбени и антиоксидативни вредности, на зелениот чај му се препишуваат и многу здравствени предности, вклучувајќи го и губитокот на тежина. Се користи многу одамна во традиционалната кинеска медицина за лекување на разни здравствени состојби.

Зелениот чај го поттикнува слабеењето забрзувајќи го метаболизмот. Содржи катехински флавоноид, кој е антиоксидант и го поттикнува метаболизмот. Студијата објавена во 2010 година открива дека додатоците на зелен чај кој содржи кофеин или катехини имаат мало, но позитивно влијание на програмите за слабеење.

Редовното вежбање и консумирање на здрава храна со многу овошје и зеленчук е најделотворната стратегија за слабеење, но со зелениот чај резултатите ќе бидат уште поделотворни.

За да ослабите со помош на зелен чај, потребно е да пиете две до три шолји од тој напиток во текот на денот, покажаа резултатите од истражувањето на Медицинскиот центар на Универзитетот Мериленд.

Пијте го чајот по оброкот во утринските и вечерните часови. Ако имате проблем со несоница, чајот немојте да го пиете пред заминување на спиење, туку порано.