Бабо, ти не си му мајка на внучето и не знаеш подобро од неговата мајка

225

Прво, единствено и златно правило – твоето внуче не е твое дете. Бабите можат и треба да сакаат, но никогаш не треба да се доведете во позиција да сметате дека ги имате истите права како и мајката на бебето. Внучето не е вашето дете и не ви припаѓа вам, го сакате само затоа што е – внуче.

“Јас направив грешка од моментот кога се понудив да ја носам и да ја смирам. За време на вечерата толку многу плачеше што не можев да се воздржам и морав да ја кренам. Таа вечер подготвив храна за мојот син и снаата, бидејќи не се снаоѓаа баш во новата улога на родители и се трудам да им олеснам во напорите.

Во моментот кога ја кренав Изабела од креветот син ми толку брзо и бесно скокна од столчето и на сиот глас викна дека тој е нејзиниот татко и дека ќе ја смири, а јас не сум била задолжена да ја кревам и да помагам. Во рок од петнаесет минути сфатил дека сепак не може па ми ја врати во рацете, додека снаата и понатаму изнемошетено седеше на маса без грам сила. Спиеше седејќи.

Сфатив дека немам право на внучето, тоа е нивно дете.

Сфатив, бидејќи се сетив на мене пред триесет години, кога имав иста случка со мајка ми.

Тој беше мое дете, мој син, јас ќе се грижам за него.

Јас ги немам истите права како мама или тато, моето право е да бидам баба. Размислував за тоа како пред толку многу години ја повредив мајка ми како што тој сега ме повреди мене, но тој е во право – јас сум баба и баба мора да научи да го потисне инстинктот и силната желба да ја изрази лавината на емоции, бидејќи баба е баба, таа не е мајка”, раскажуваше шеесетгодишната Роуз.

Непријатните ситуации можат да се случат кога вашето дете ќе доживее да има дете. Денес, младите родители се бомбардирани со толку многу информации, бидејќи доаѓаат од сите страни, а многу совети можат да се прочитаат на интернет, но нека пронајдат што е најдобро за нив. Дури и кога мислите дека знаете подобро и дека сте во право – немојте. Тие се родители, треба да го научат и воспитаат своето дете, бидејќи тие се тие кои на крајот ќе страдаат од последиците од нивното добро или лошо воспитание, исто како што и вие тоа го доживувате. Бабите и дедовците се тука да помогнат кога е тешко или да дадат совет кога ќе им постават прашање, мешањето повеќе од тоа може да предизвика проблем.

Комуницирајте со своите деца и прифатете дека она што ви одговара не мора да се однесува на нив и обратно. Секое семејство треба да создаде свој уникатен ритам и сите страни да бидат подготвени на компромис за да се постигне прифатливо решение. Но, не се сите баби толку многу посветени на своите внуци – постојат и оние кои својот, секогаш активен живот, не сакаат да го жртвуваат заради чување на внуците туку се трудат да го задржат својот идентитет и да бидат достапни во исто време. Важно е да се најде заеднички јазик и рамнотежа во обврските.

Треба да разберете со текот на времето дека не сте помалку грижлива баба ако оставите некои работи да се направат и без вас. Никој нема и не треба да се сомнева во вашата љубов ако понекогаш одбиете да го чувате внучето – имајте свој живот како што сте имале и порано.