Работите кои го тераат партнерот да изгуби трпение

2642

“Тргнуваме сега”

Може да биде прилично иритирачки, ако се најдете на настан што не ви се допаѓа, но партнерот инсистира да остане уште 15 минути, а потоа уште 20 минути и т. н. Овој случај исто ги зголемува тензиите во односите на двајца луѓе.

Обид за бебе

Често жените се оние кои во даден момент се држат до идејата да станат мајки сега и веднаш, и буквално полудуваат по темата, додека партнерите само повторуваат: “Опушти се, ќе се случи, кога ќе дојде време!”. Верувајте, овие реплики во пракса не помагаат, туку само ги нервираат дополнително жените и тие ги примаат зборовите како недостаток на ентузијазам и разбирање.

Готвење

Многу списанија и консултанти ги советуваат паровите да најдат заедничко хоби, со што ќе поминуваат повеќе време заедно и ќе ја закрепнуваат врската. Кујната сепак не е местото кое ќе ви помогне да ги подобрите односите, туку токму спротивното. Едниот вечно е нестрплив да заврши побрзо и потоа се фрла на храната, додека другиот се доживува како вистински кулинарски мајстор и сака да го опипа секој детаљ, а потоа да се наслади.

Грижите

Паровите се жалат за истите работи одново и одново: “Сакам да ослабам, треба да вежбам повеќе, сакам да ја променам работата, треба да трошам помалку” … слушателот конечно се нервира и му дава совет на партнерот, за да му помогне да ја постигне својата цел, но првиот не сака да слушне и дури се лути на “помошта”.