На 04.02.1938 година, Адолф Хитлер го заврши своето доаѓање на власт и ги отстрани сите пречки за монструозниот план за проширување на „животниот простор“ за Германците и уништување на инфериорните раси на Евреите, Словените …
На почетокот на 1938 година, Хитлер користел политички и пропаганден маневар за да го принуди својот министер за војна, Werner von Blomberg, да поднесе оставка, објавувајќи полициско досие во кое се открива дека неговата сопруга била проститутка.
Началникот на Генералштабот Werner von Fritsch беше сменет откако партиската армија на неговата Национал-социјалистичка партија го обвини дека има хомосексуални односи.
И двете функции беа укинати и е формирана Врховната команда. Но, иако Oberkommando der Wehrmacht имал номинална контрола над вооружените сили, титулата врховен командант ја презел Хитлер, а и командантите на морнарицата, армијата и воздухопловните сили формално му одговарале.
Меѓутоа, Хитлер, како врховен командант, одговарал и пред канцеларот на Рајхот – Хитлер, а канцеларот, пак, одговарал пред претседателот, односно функцијата што ја наследил, Фирерот – повторно пред Хитлер.
Од почетокот на својата политичка кариера, Хитлер најавил освојувања, прогон на неистомислениците и пресметка со Евреите е јасно навестување за зголемувањето на злото, но многумина во Германија и во странство го гледале Хитлер како лидер кој на Германија ќе и обезбеди стабилност во турбулентен период на предвремени избори и силна брана од комунизмот.
Иако веднаш штом дошол на власт ги забранил другите партии, ги прогонувал и ликвидирал неистомислениците и почнал да ги отвора првите логори многу пред Втората светска војна, во 1938 година успеал да ги убеди странските сили дека тој е гарант за мирот.
Дури и откако почнал драстично да ја зајакнува германската армија и по анектирањето на Австрија, Хитлер потпишал договор во Минхен со Франција и Велика Британија со кој му е дозволено да ја анектира Судетската област во Чехословачка.
Само една година подоцна, кога германските војници облечени во полски униформи извршиле напад на радио станица во Данцинг (Гдањск), што му послужило на Хитлер како изговор за нападот, Западот повеќе не можел да молчи ѝ објавил војна на Германија. Но и тогаш поминале недели и месеци пред било каква конкретна акција. А во тие недели и месеци, Хитлер веќе ја прегазил Полска и ја свртел својата војска кон Франција…