Мајките се чувствуваат загубено и една година по породувањето

264

Половина од новопечените мајки по породувањето сериозно страдаат од недостиг на самодоверба, бидејќи не знаат како да се носат со новонастанатата ситуација, покажуваат резултатите од најновото истражување

Првите 12 месеци по породувањето се најтешки за новите мајки и физички и психичи, покажува истражувањето на британскиот фармацевтски бренд „Нурофен фор Чилдрен“, спроведено на примерок од две илјади жени.

Првата година по породувањето мајките ја опишале како хаотичен, заморен и мошне стресен период.

Освен тоа мајките се чувствуваат загубено, осамено и збунето, а за тоа придонесуваат и бројните непроспиени ноќи.

Половина од нив чувствуват дека го загубиле својот идентитет. Откако детето ќе наполни 11 месеци мајките почнуваат да се чувствуваат посреќно. Во тој период подбро се снаоѓаат во обврските, кои ги носи мајчинството.

– Откако детето ќе дојде на свет, животот на жената се менува од корен, така што не е чудо, што по почетното возбудување и радоста се чувствуваат загубено. Дотогаш се грижеле само за себе, а одеднаш го имаат тоа мало суштество, кое целосно зависи од нив. Тоа е голем притисок, појаснува британската докторка Пикси Мекена.

Жените би сакале упатства за мајчинството

Половина жени по породувањето страдаат од недостиг на самодоверба, затоа што одеднаш не знаат како да се однесуваат во новата ситуација, така што повеќето велат дека упатствата за мајчинство им се добродојдени. Најмногу би сакале некој да им објасни зошто бебињата плачат, како да се носат со непроспиените ноќи и како да му помогнат на детето кога е болно. Секоја четврта жена помошта ја бара кај својата мајка, на која и се јавува и среде ноќ.

– Само една четвртина од мајките не се плашат да ги делат своите здравствени совети со другите мајки, а најмногу ги загрижува тоа што не знаат дали нивната грижа за болестите е оправдана или не. Меѓутоа во таа ситуација најдобро е да се посоветуваат со лекар, вели Мекена.

Десет работи, кои мајките би сакале да ги знаат

  1. Зошто бебињата плачат
  2. Како да се носат со непроспиените ноќи
  3. Што значи да се биде родител и какви одговорности носи родителството
  4. Треба ли бебето да се остави да се исплаче
  5. Како да му се помогне на бебето да стекне рутина во спиењето и јадењето
  6. Како да се препознае дали бебето е болно или само кенкаво
  7. Како да ја усогласите грижата околу детето и куќата
  8. Треба ли за своите дилеми да разговарате со лекар или патронажна сестра
  9. Се преправаат ли другите мајки дека добро се носат со родителството
  10. Како да зготвите ручек, а истовремено да се грижите за бебето

Најмногу им недостига социјалниот живот и стариот изглед

Со доаѓањето на бебето се се менува, така што мајките најчесто немаат време за своите хобија. Половина од нив се откажале од своите претходни активности, а признаваат дека најмногу од се им недостига социјалниот живот, кој го имале пред да станат мајки.

На една третина од мајките им недостига работата, а половина го посакуваат стариот изглед.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk