Индијанците Choctaw се паметат по својата дарежливост кога за време на Големиот глад во Ирска во 1845-1849 година собрале пари за да ѝ помогнат на оваа земја 20 години пред основањето на Црвениот крст.
Индијците Choctaw дознале за страшниот глад во Ирска и во 1847 година собрале 1700 американски долари. Тоа била неверојатна сума во тоа време за ова сиромашно племе. Сега, по скоро 200 години, Индијанците од Choctaw страдаат од корона вирус, а нивната област стана една од најзагрозените области на оваа катастрофа во САД.
Неочекувано за сите, Ирците решиле да го „отплатат долгот“. Собрале скоро три милиони долари со помош на социјалните мрежи. Ова се само некои од коментарите што Ирците ги оставија откако ги донираа парите:



















