Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Myanmar ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Jess Phoenix за CNN.
Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Myanmar ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Jess Phoenix за CNN.
Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Myanmar.
Myanmar вчера беше погоден од голем земјотрес со интензитет 7,7 степени, со епицентар во близина на градот Мандалај, на длабочина од околу 20 километри. Големиот земјотрес беше почувствуван и во Тајланд и во други азиски земји. Неколку минути подоцна уследи втор земјотрес со интензитет од 6,4 степени.
Земјотресот урна и зграда во градба во главниот град Тајланд, при што загинаа шест луѓе, а 50 лица сè уште се под урнатините на зградата, додека околу сто луѓе се водат како исчезнати.
Претходно, државните медиуми во Myanmar јавија дека бројот на загинати се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати.
– Оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и згради, што резултираше со цивилни жртви и повредени. Во тек се операции за пребарување и спасување во погодените области, се наведува во соопштението на хунтата.
Водачот на хунтата Мин Аунг Хлаинг прогласи вонредна состојба и нареди итни спасувачки напори во погодените области. Вчера тој ја покани „која било земја“ да обезбеди помош и донации.
Кинески спасувачки тим денеска пристигна во Myanmar, додека Русија, Индија, Малезија и Сингапур испратија авиони со хуманитарна помош и спасувачки екипи во Myanmar, земја разурната од граѓанската војна по воениот удар во 2021 година, кога е соборена избраната цивилна влада.
Јужна Кореја најави дека ќе обезбеди почетна хуманитарна помош од два милиони долари за Myanmar преку меѓународни организации.
Блокот на земји од Југоисточна Азија, АСЕАН денеска соопшти дека ја препознава итната потреба од хуманитарна помош за Myanmar по големиот земјотрес и е подготвен да ги поддржи напорите за закрепнување.
И САД, покрај тензични односи со хунтата во Myanmar најавија дека ќе пружат одредена помош.