Колку и да звучи чудно, можете истовремено да уживате во сексот и да бидете добро платени за тоа.
А предуслов е да имате над 60 години.
Опис на работата е: тестирање на секс пози.
Британската страница што се занимава со давање сексуални совети, ќе лансира посебна категорија наменета за ветерани следната година, а клучен дел се впечатоците за секс-позите, и тоа од прво лице.
Веб-страницата бара три парови, кои се обврзуваат да тестираат 8 различни пози во текот на два месеци, и тоа исклучиво врз основа на нивните желби.
Исто така, позите и впечатоците мора да бидат напишани на англиски јазик.
Што се однесува до платата, таа изнесува 3.000 фунти, или околу 3.500 евра.
Патем, страницата се одлучи на овој потег по истражувањето во кое учествуваа 1.500 лица од двата пола на возраст над 60 години.
Се покажа дека повеќе од 50 проценти од испитаниците сепак сметаат дека сексот е важен, но исто така и дека би сакале да пробаат нешто ново во кревет.
На многу луѓе им е чудно да мислат дека и постарите луѓе се сексуално активни, но тоа мора да се промени. Само затоа што имате 60 години не значи дека сте ја изгубиле желбата да бидете интимни со некого. Кога имате проблеми со здравјето или губење на самодовербата, сексот може да биде непријатна работа на таа возраст. Сакаме да спречиме тоа да стане правило и да им помогнеме на оние кои сè уште сакаат да уживаат во сексот, се наведува во соопштението на страницата што го распиша конкурсот за тестери за сексуални пози.