Еве зошто фитнесот на шипка е корисен

38

Неколку причини кои ќе ве убедат дека фитнесот на шипка е корисен за вас:

1. Потешко е отколку што изгледа

Доколку сакате предизвици дефинитивно треба да го пробате овој танц. На прв поглед можеби делува како обично вртење околу шипка и правење секси потези, но овој танц е многу повеќе од тоа. Потребна е голема физичка сила и издржливост за да се изведат сите техники.

2. Не е вулгарен

Луѓето со предрасуди автоматски го поврзуваат овој танц со стриптиз. Но, вистината е дека овие две работи се различни како небо и земја. Овој танц е всушност како гимнастика, само што вклучува и шипка.

3. Одлична можност е за согорување на маснотии

По еден час поминат на шипката ќе почувствувате како мускулите почнуваат да ви горат како да сте вежбале интензивно цел ден. Целото тело ќе почне да ве боли, но немојте да се откажете поради тоа. Според некои истражувања со танцувањето на шипка може да согорите до 500 калории за еден час. Не само што добивате одлична кардио вежба, туку добивате и издржливост, флексибилност и убаво оформени мускули. Со повеќе вежбање болката евентуално ќе ја снема, но ефектот потоа и резултатите кои ќе ги забележите на вашето тело ќе ве остават без зборови.

5. Ќе се потите

Овој танц ви нуди одлична можност да ги исфрлите сите токсични материи од вашиот организам бидејќи ќе се потите многу, особено во пределот на дланките. Тоа ќе ви овозможи да ја одржувате својата тежина, па дури и да симнете по некој килограм.

6. Ќе ве опушти

Ќе забележите дека додека танцувате на шипка, вашиот ум ќе биде ослободен од секакви мисли и вие ќе можете целосно да се опуштите. Постојано сте под стрес на работа и дома? Сакате да избегате од секојдневните грижи и обврски? Благодарение на овој танц ќе можете тоа да го направите. Препуштете се целосно и пронајдете го својот зен.