По тензиите околу работните средби, будностa до доцна и роковите, заслужуваме да се забавуваме во петок навечер и да се опуштиме во викендите.
Овие карактеристични за викендот ритуали може да се од корист за емоционалниот баланс, но често штетат на половината.
Како викендите можат да доведат до зголемување на телесната тежина?
Танц до утрото
Откако сме се раздвижиле на подиумот во текот на неколку часа и сме го напуштиле клубот во 2 или 3 часот во текот на ноќта, обично умираме од глад. Тогаш се упатуваме кон блиската деноноќна пекара или друг ресторан за брза храна и одеднаш се воодушевуваме на огромно количество калории.
Го збогатуваме значително менито за време на викендите
Во викендите се опуштаме и со посета на омиленот ресторан и порачување своите омилени јадења. Крајниот резултат повторно се мери во големо количество калории кое го прифаќаме.
Сепак не можеме да се ограничуваме постојано, но ако ги правиме погоре опишаните работи секоја недела, постои ризик да накачиме неколку вишок килограми.
Алкохолот
Тешко е да ја контролираме потрошувачката на алкохол, кога нашите пријатели не престануваат да порачуваат по уште еден пијалак. Алкохолните пијалаци содржат од 100 до повеќе од 400 калории.
Алкохолот не само што нè замајува, но и ја засилува желбата да јадеме храна со висока содржина на калории.
Спиеме до пладне
Кога спиеме долги часови за време на викендите и не извршуваме никаква физичка активност, односно не ги трошиме калориите од вечерата претходниот ден. Недостатокот на движење нè уморува и го забавува метаболизмот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















