Лагите на модерната медицина | Луѓето се поздрави денес отколку што биле во минатото

544

Очекувано животниот век се зголемил за неколку години, и за жените и за мажите во последните 20 години, но квалитетот на животот на постарите луѓе драстично е влошен, бидејќи тие во текот на последните 15 години од својот живот трпат повеќе болка и болести отколку кога и да било досега во историјата.

Луѓето во принцип живеат подолго, но се зголемуваат и хроничните болести.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека главен фактор на развој на болести во повеќето развиени земји е храната.

Она што најмногу загрижува е медикализацијата на детството, која води до болест во зрелата возраст.

Ако вашето дете кашла после вежбање тогаш има астма, ако има проблеми со читањето има дислексија, ако тоа не е задоволно тогаш има депресија, ако има чести промени на среќни и тажни периоди тогаш има биполарно нарушување.

Секоја идна генерација е поболна од претходната.

Аутизам, астма, шеќерна болест, рак и многу други болести се во пораст, а ниту една државна институција никогаш не направила и никогаш нема да направи нешто за ова прашање, освен дека ќе продолжи да ги собира статистичките податоци.