Мистеријата на Троја | Сите знаеме за неа, но не и каде се наоѓа 

3827

Троја, опишана со векови во „Илијадата“ на Хомер, предизвика интерес кај историчарите, археолозите, но и кај писателите и поетите. Сепак, колку што беше позната самата легенда, вистината е дека сè уште не го знаеме одговорот на основното прашање – каде се наоѓала Троја?

Тројанската војна, легендарниот конфликт меѓу Ахајците и Тројанците од 12 век п.н.е., денес е повеќе дел од популарната култура отколку од историјата. Иако луѓето верувале уште од античко време дека тоа навистина се одвивало како што е забележано во Илијада и Одисеја, историското постоење на овој конфликт не е сигурно утврдено.

Повеќето археолози веруваат дека Троја се наоѓала во Мала Азија, денес во северозападна Турција, во близина на брегот југо-западно од Дарданелите под планината Ида. Истоимената локација е на околу еден час возење од Чанакале, град во северозападна Турција.

Германскиот археолог Хајнрих Шлиман, истражувал во областа за време на 70-тите години на 19 век и прогласил сè што е откриено за Тројанско.

Сепак, подоцнежните истражувања откриле неколку градови изградени во различни периоди на тоа подрачје – дури десет од нив, од кои најстариот е од 3000 п.н.е. Еден од овие претходни градови – Троја VIIa, честопати се нарекува „Хомерова Троја“, но ова тврдење е сè уште тема на дискусија.

Хомерова Троја – Реконструкција

Токму ова мноштво археолошки траги и населби го прави проблемот. Бидејќи, како можеме со сигурност да тврдиме дека некои пронајдени артефакти припаѓаат на тројанскиот период, а не на понов или постар период?

На пример, најспектакуларното откритие на Шлиман беше т.н. Богатството на Приам, го добило името по легендарниот владетел на Троја за време на Тројанската војна. Ова откритие некогаш беше спектакуларно бидејќи беше солиден доказ дека Троја навистина постоела и дека конфликтот се случил токму таму.

Самиот Шлиман го именувал пронајденото богатство, како богатството на Приам, но дури и за време на неговиот живот се појавиле првите индиции дека може да биде постаро за околу илјада години отколку што претпоставувал археологот.

Од друга страна и од страната на оние кои тврдат дека овој локалитет е местото на најпознатата битка во античката историја, постојат докази – степенот на уништување на пронајдените згради, напишаната трага од договорот со Хетите и природната топографија што одговара на описите од хомеровите книги.

Денес, локалитетот е намерно зачуван со минимална интервенција, а ископувањата сè уште траат.