Брижит Бардо | Запаметена е како голем заштитник на животните – но, за жал, тоа не значи дека ги сакала и децата …

3256

Имено, штом дваесет и петгодишната актерка Брижит Бардо дознала дека е бремена, веднаш побарала лекар за да изврши абортус. Но, во Франција ваквите операции биле забранети, па никој не се осмелувал да го стори тоа.

Актерот Жак Шарие, е татко на тоа дете, па ја убедил актерката да се откаже од абортусот и да се омажи за него.

Последните месеци од бременоста биле вистински кошмар за Брижит. Фотографите ја опколиле куќата во која живеела, сè со желба да направат уникатен кадар на бремената актерка.

Брижит целосно престанала да излегува, дури ѝ текнало да се породи во станот, бидејќи се плашела да оди во болница. Синот е роден на 11 јануари 1960 година. Момчето добило прекрасно француско име – Николас.

„Беше како тумор што ме јадеше, што го носев во отеченото тело“, напишала подоцна актерката во своите мемоари. Брижит одбивала да го храни бебето, бидејќи полудувала поради „нехуманата улога на медицинската сестра“, која ја добила по раѓањето на детето.

Нејзината куќа била опколена од новинари. Сите сакале фотографија од младата мајка и новороденчето. Првата фотосесија се случила на првиот ден од раѓањето на бебето. Еден долгогодишен семеен пријател направил фотографии што ги објавиле сите таблоиди.

Нејзиниот сопруг Жак Шарие се надевал дека Брижит ќе има мајчински инстинкт, но љубовта кон својот син актерката ја покажувала само за време на фотосесијата. Брижит се плашела дека ќе го изгуби својот шарм кај машката популација и дека сите ќе ја гледаат како „мама“. Детето ги чувствувало нејзините емоции, па затоа заплакувало секогаш кога ќе го земела во раце.

Наскоро Брижит заминала со актерот Сем Феј. Откако слушнал дека го оставила, нејзиниот сопруг поднел барање за развод и право самостојно да го воспитува својот син. На судењето, мајката одбила да се грижи за бебето: Брижит сметала дека некој треба да се грижи за неа, така што таа не може да се грижи за бебето.

Понекогаш актерката се обидувала да ги стопли односите со нејзиниот син, но без успех.

Кога Николас имал 12 години, тој дошол кај мајка си сакајќи да остане некое време, но Брижит го вратила назад кај Жак со образложение дека таа не можела да се грижи за него бидејќи вечерта имала социјален настан. По тој инцидент, Николас не сакал да ја види својата мајка неколку години.

Кога момчето пораснало целосно, Брижит се обидела да ја поправи врската, но нејзиниот син не сакал да слушне за тоа.

“Сега имам 47 години и го имам мојот 22-годишен син Николас, моето семејство и поддршката. Го сакам најмногу на светот”, напишала Брижит во своите мемоари, но се чини дека било предоцна за жалење и извинување.

Николас студирал економија на Универзитетот во Париз. Сакал музика. Научил да свири пијано, да компонира песни, да договара аранжмани. На 22 години станал модел. На една модна ревија тој ја запознава манекенката Ен Лин Бјеркан, ќерка на дипломат, со која се венчал во 1984 година, а Брижит Бардо не била поканета на таа венчавка, што многу ја вознемирило.

Среќната двојка набргу се преселила во Осло, а неколку месеци подоцна ја добиле својата прва ќерка. Брижит сè уште била непожелна во семејството на Николас, па дури и не ја запознала својата внука. Во 1990 година, Николас ја добил втората ќерка. Две години подоцна, Брижит доаѓа во Норвешка со намера да воспостави блиски односи со нејзиниот син, но тие само склучуваат ладно примирје.

Во 1997 година, по објавувањето на мемоарите на Брижит, избувнал нов семеен скандал: нејзиниот поранешен сопруг и синот ја тужеле Брижит за откривање на семејни тајни и навредливи чувства. Судот и наложил на актерката да плати казна во износ од 250 илјади франци.

Николас го напуштил модниот свет многу одамна и се занимавал со програмирање. Тој веќе станал и дедо. На новинарско прашање зошто не е во добри односи со неговата мајка, Николас одговори: „Таа ги сака своите бунди, а јас го сакам моето семејство“.