Што се случува со незрели мажи откако силна жена ќе се појави во нивниот живот?

300

Како што може да се види, во многу различни аспекти од врската, мажите имаат тенденција да уживаат во доминантните улоги кои им даваат чувство на контрола.

Фрази, како “Кој носи панталони во семејството”, се појавуваат кога се размислува за прастариот стереотип дека мажите треба да имаат контрола над своето домаќинство (и сопругата).

Оваа потреба за доминација повремено доаѓа во прашање, особено кога незрел маж не може да се помири со своите чувства (и со несигурноста) откако силната жена ќе се појави во неговиот живот, пишува “Expanded Consciousness”.

Незрели мажи често се чувствуваат заплашени од моќните жени поради пет причини:

Силна жена не се плаши да го повика на ред поради неговите глупости

Силните жени му кажуваат на мажот дека тие не се со него само поради неговото его. Таа смета дека тој треба да биде одговорен, го предизвикува кога прави грешки или кога тврди дека тој е секогаш во право.

Силните жени се паметни и способни, што е во судир со незрелоста.

Тој чувствува притисок заради успехот кој се очекува од него

Силните жени ги поддржуваат своите партнери, но сакаат и да ги мотивираат да бидат најдобри колку што можат да бидат. Незрелите мажи често таа поддршка и амбиција ја гледаат со страв.

Се плашат од нивните очекувања и неможност да се справат со тоа. Да не спомнуваме дека незрелите мажи не поднесуваат конструктивна критика.

Тие се плашат од врзување

Незрелите мажи немаат поим што сакаат од животот. Силните жени точно знаат што сакаат од животот. Ако една силна жена сака да биде со маж, тоа е затоа што таа одлучила дека тоа е тој што таа бара. Таа не се плаши од врзување.

Врзувањето е застрашувачко за незрелите мажи. Сериозноста не е нивната сила.

Таа секогаш ќе каже она што мисли

Моќните жени немаат проблем да се соочат со една личност поради нешто што кажала или направила. Ако сте направиле нешто што не ѝ одговара, таа ќе ви го каже тоа.

Тоа може да биде многу страшно за незрелите мажи, бидејќи тие не се навикнати жената да биде толку директна.

Тешко е да се импресионира силната жена

Незрелите мажи обично не се оние кои вложуваат 100 проценти напори во врската, што е проблематично, поради тоа што силните жени очекуваат подеднакво силен партнер.

Таа живее страсно секој ден и затоа има потреба од партнер кој ќе ги покаже своите страсти како би знаела дека пронашла партнер кој вреди да се има.