Тој беше доживотен претседател на СФР Југославија, војник, политичар, сакан и мразен, но малку се знае за неговиот љубовен живот.
На кратко, Јосип Броз Тито љубител на жени, не ги дискриминирал, кој понекогаш влегувал во врска и со “зафатена“ жена. Четири пати женет и уште толку љубовници.
“Неговата прва жена била русинка, Пелагија Белоусова, додека тој бил во заробеништво, која имала само 15 години кога се омажила. Од тој брак го има синот Жарко. Се преселија во Хрватска, но по кратко време, се вратила во Русија, каде што се премажила.
Помеѓу две жени половина година пауза
Тито, април 1936година во Москва се разведува од неговата прва жена Пелагија, а половина година подоцна, исто така, во Москва, влегува во брак со една Германка.
Јохана Ана Коенинг е родена во Кемниц, Германија. Била во брак со висок германски официјален претставник, кој по Хитлеровото доаѓање на власт, бил уапсен и осуден на 15 години затвор, по што неговата сопатничка преминува во Москва под псевдоним Луција Бауер.
Таа работеше во фабрика за радио-апарати, а со Тито е венчана баш со тоа име (зeмајќи го лажното Титово презиме Валтер) во хотелот “Лукс”, каде што живееле функционери на Коминтерната.
Голема дамка во неговата биографија
Тито набргу ја напушта Москва без својата сакана. Во првата половина од 1937 год. од Париз и пишал четири љубовни писма, во кои ја искажува својата беспрекорна љубов и дека таа била љубов на неговиот живот.
“Во мојата книга објавен е документ во кој Тито на репресивните органи на советскиот режим им објаснува за своите врски и односи со неговата прва жена Пелагија, но и со другата – Луција Бауер, која на крајот од 1937 год. беше убиена во Москва под лажно обвинение дека е германски шпион“. Симиќ истакна дека Тито за Луција рече дека е “голема дамка во неговата биографија“.
Страсна, но и гласна врска со љубовницата
Третата сопруга на Тито е богата Словенка со еврејско потекло Херта Хас, која за Тито била најзначајна. Се запознале во Париз 1937 година.
Од тој брак има син Миша. Меѓутоа, додека тој беше во брак со неа, веќе ја “обработувал” Даворјанка Пауновиќ Зденка. Таа била негова секретарка.
Бракот со Херта траел четири години, а неговата романса со Даворјанка не била веќе тајна. Неговите поранешни колеги потврдиле дека нивната љубов беше исклучително страстна и често толку гласна што неговите колеги го предупредиле за тоа.
Даворјанка во меѓувреме се разболела од туберкулоза и починала, а Тито барал да ја погребат до неговата резиденција во Белград.
Доаѓањето на Јованка
По нејзината смрт, тој, наводно, се обидел да и се врати на поранешната сопруга Херта Хас, од која добил корпа. Последен пат се сретнале 1946 год. Херта Хас починала во Белград, а за нејзиниот живот со Тито никогаш не зборувала јавно.
Јованка Будисављевиќ подоцна Броз, ја запознал за време на нападот врз Дрвар, кога првпат танцувале.
“Постојат шпекулации дека таа намерно е доведена во Белата Палата како слугинка за да му се упикуе, да стекне доверба во неа, а со тоа, да влијае врз него да се “смири”, затоа што, кога станувало збор за жените, бил “ненаситен“. Уште тогаш започнала нивната ‘игра“, вели Јоциќ.
Иако до крајот на својот живот, тие останале во формален брак, односот помеѓу нив двајца почнал да се распаѓа од седумдесеттите и на крајот се сведе на тоа, да последните три четири години од својот живот не се ни виделе еден со друг.
Различни толкувања
Постојат големи полемики околу Тито и неговиот љубовен живот, па луѓето тоа не ни можат да го сфатат. Интересно е дека сите негови сопруги и љубовници биле поврзани со работата и тоа не беше случајно, туку негова тактика. Скоро сите беа црни и сите имаа големи облини.
Меѓу другите Титови љубовници се спомува руската актерка Татјана Окуњевска, која ја запознал во Москва и неколку месеци ја заведувал. Со грузиската атлетичарка Нина Думбадзе имале кратка афера, а поради првенката на њујоршкиот Митрополитен Зина Кунц Миланов, наводно, поштеден од стрелање бил неговиот ривал, диригентот Лоренс Матачиќ.
Со сплитската оперска дива Гертруда Мунитиќ, имал љубовна врска, но таа тоа го негира, но исто така го поврзуваат и со Дарјана Грбиќ, која била негова масерка.



















