Техники за врвна женска мастурбација

1436

Секоја жена го знае добро своето тело и знае како да се доведе себеси до оргазам.

Мастурбацијата е корисна како за телото, така и за психата. Затоа не е срамно да си дарувате задоволство сами од време на време.

За да ја избегнете рутината сепак, може да се донесе малку свежина во своите вештини. Но за тоа да го постигнете, еве што треба да направите.

Инвестирајте во нов вибратор

Ако досега не сте имале вибратор и не сте користеле слична направа, сега е моментот да се снабдите со таква. Ако пак стариот вибратор не ви ги дал саканите чувства, инвестирајте во нов. На пазарот има нови стимулативни пронајдоци за максимално уживање, кои сигурно ќе ви се допаднат.

Сменете ја техниката

Точно е дека секоја жена има омилена техника за постигнување на максимална екстаза. Но исто така е точно дека промените даваат зачин на секоја ситуација. Затоа е препорачливо да внесувате малку разновидност во стилот на мастурбација. Дејствувајте бавно, уживајте во моментите, менувајте ја насоката на движење. Исклучете ги мислите и чувствувајте!

Зголемете ја возбудливоста

Тоа станува најдобро со пријатна атмосфера. Запалете свеќи, направете си цветна и миризлива бања. Разгалете се со пријатна храна. Исклучете ги сите електронски уреди. Слабо светло. Направете ја атмосферата заводлива. Најважно е да го отстраните стресот од вашето тело. Така ќе го почувствувате уште повеќе својот допир.

Сменете ја позата

Промената на позата е од значење не само кога имате секс со партнер, но и со себе. Затоа ако сакате незаборавно задоволство е подобро да го направите во различни пози. Заменувајќи ја позата на телото не само што ќе си овозможите големо задоволство, но и ќе ја одложите кулминацијата и ќе ги направите моментите уште повеќе специјални.

Вклучете и лубрикант

Лубрикантот ќе ја направи вашата посебна зона уште полизгава, а тоа е клучот за високото задоволство. Не се двоумете да го вклучите во листата со секс-играчки за соло изведувачи.