После колку дена од инфекцијата со коронавирус престанувате да бидете заразни за другите?

277

Коронавирусот и натаму е „сива област“ за многу научници затоа што останува уште многу да се научи за вирусот.

Сепак, она што е поизвесно е колку време точно инфицираното лице е заразно.

Инфицираните луѓе обично ги покажуваат првите симптоми до 14-ти ден по изложеноста на вирусот, и тие обично се заразни 10 дена по првите симптоми.

Се разбира, голем број на луѓе го надминуваат вирусот асимптоматски, што значи дека тие се позитивни и можат да го пренесат на другите, без да покажат никакви знаци на болеста. Со нив, од друга страна, потешко е да се утврди кои 10 дена се во прашање.

Од центрите за контрола и спречување на болести велат дека е можно да се заразат најмалку 10 дена по позитивниот тест за корона.

Сепак, ова се коси со советите дадени од страна на британската национална здравствена служба, која предлага само-изолација од само 7 дена од позитивен тест.

Како што наведуваат во нивното објаснување, кога кашлицата и температурата ќе престанат и повеќе немате симптоми (освен губење на чувството за мирис и вкус), инфекцијата обично исчезнува таа недела.

Според нивните препораки, само кога кашлицата, кивање, малаксаност, дијареја, губење на апетит и температура запре, пожелно е да се излезе од самоизолација, а тоа трае најмалку 7 дена.