Мислевте дека карциномот е наследен или сте имале лоша среќа?

2128

Сепак, научниците предупредуваат дека, исто така, е неопходно да се промени ставот на јавноста за опасностите од дебелината, која веќе се нарекува “ново пушење”.

“Луѓето сѐ почесто дебелината ја прифаќаат како нешто нормално. Но, мора да се постигне поинакво разбирање за она што е нормално и да се препознаат предизвиците со кои се соочуваат”, вели професорот Linda Bauld која спроведе бихевиорално истражување за CRUK.

Последната кампања на CRUK која ја нагласи врската помеѓу дебелината и развојот на ракот, е обвинета дека ги посрамоти луѓето со прекумерна тежина, но професорот Bauld вели дека нивната цел е да се подигне свеста на луѓето за врската помеѓу ракот и дебелината на повеќе од 15 проценти колку што изнесува сега.

Тимот вели дека стапката на преживување на разни видови карциноми се зголемува, но и бројот на новозаболени пациенти е зголемен за дури 7 проценти во последните десет години. Земајќи го в предвид стареењето на населението, се претпоставува дека бројот на пациентите ќе се зголеми за 2 проценти секоја година.

Едно ново истражување објавено во Британскиот весник за рак, се темели на повеќе различни извори, вклучувајќи го и испитувањето спроведено на национално ниво, во регистарот на пациентите со рак и анализата на податоците од претходните студии.

Резултатите покажуваат дека потрошувачката на алкохол, сиромашната исхрана со влакна и инфекциите предизвикани од ХПВ се виновни за 3 проценти од случаите на рак, додека изложеноста на токсични супстанции при работа, како што се азбест и УВ зрачење се одговорни за уште четири проценти од болестите. Загадувањето на воздухот, преработената храна, хранењето на доенчињата по формула, наместо со мајчино млеко и изложеноста на зрачење, се виновни за околу 2 проценти од пациентите.

Продолжува на страна 3