Секој родител го посакува само најдоброто за своите деца.
Сепак, во трката наречена „живот“, забораваме да им се посветиме доволно и да им го понудиме потребното внимание. А верувајте, тие повеќе од кој било го заслужуваат тоа!
Ние сме тука да ве потсетиме на неколку едноставни лекции кои сите идни и сегашни родители треба секогаш да ги имаат предвид.
Прегрнувајте
Прегратката е најдобриот лек да го утешите вашето дете кога плаче, кога е исплашено или едноставно да му кажете дека секогаш ќе бидете тука за него. Но прегрнувајте го и без причина, бидете секогаш кога е тоа можно покрај него.
Научете да слушате
Кога зборуваат и раскажуваат нешто, внимателно слушајте. Детето ќе почувствува дека има свој соговорник, а со тоа ќе ја поттикнете неговата фантазија да раскажува за уште пошарени и волшебни светови.
Одговорете на секое прашање
Децата знаат да бидат „досадни“ и да поставуваат прашања за кои и ние возрасните немаме одговори: зошто паѓа дождот, зошто е небото плаво, колку е тешка земјата… Сепак, бидете креативни и смислете одговор за секое прашање. „Не знам“, никако не се прифаќа за одговор.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2