Германскиот Рамбо | Овој човек разоружа четворица полицајци | Видео

1207

Потрагата по Германецот Иво Рауш продолжува.

За потсетување, германскиот Рамбо, како што го нарекоа медиумите, се крие во шума кај Опенау, и не само што е опремен со лак и стрела, туку и разоружал неколку полицајци.

Според локалните медиуми, Рауш во неделата разоружал 4 полицајци и оттогаш е во бегство. Повеќе од 100 припадници на безбедносните сили го бараат.

„Во почетокот, тој соработуваше со нив, меѓутоа, извади пиштол од никаде. Го вперил кон полицаецот и малку ги изненадил. Полициските службеници немаа каде да одат, па го предадоа оружјето за да избегнат поголема катастрофа”, се наведува.

По Рауш трагаат и кучиња, но областа е прилично голема и не е лесно да се најде. Се претпоставува дека добро го познава теренот. Граѓаните се повикуваат да не ги напуштаат своите домови.

„Кучињата се уморни по два часа пребарување и, покрај тоа, лесно се вознемируваат од другите животни во шумата“, рече портпаролот на полицијата.

за потсетување, алармот започна во неделата кога мештаните во Опеану забележаа маж во маскирна облека, вооружен со лак и стрела.

Билд наведува дека Рауш живеел три години во близина пред да биде протеран од куќата затоа што не ја платил киријата. Работел на железничката пруга, како и на теренот за голф, рече неговиот поранешен сосед, кој го опиша како „тежок човек“.

Различни оружја и канистери за бензин биле пронајдени во неговиот стан откако тој бил избркан, како и мал стрелачки простор на таванот. Мажот потоа живеел во својот автомобил некое време пред да влезе во колибата на крајот на шумата.