Дозволете им да истражуваат
Децата сакаат да го истражуваат светот, а со тоа осознаваат за работите коишто ги опкружуваат. Дозволете им да шлапнат во кал, да се извалкаат со песок, да се намократ. Облеката секогаш може да се испере, но изгубената детска радост не можете да ја надоместите.
Научете ги да бидат културни
Децата учат од своите родители и затоа бидете добар пример. Ако вие им се обраќате со зборовите „те молам“, и „благодарам“, тогаш и тие ќе ги користат во својот речник.
Забавувајте се заедно
Нема ништо поубаво од тоа кога сите дома сте заедно. Друштвените игри се одлична идеја за забава и докажување кој е подобар во играта. Доколку пак имате вишок енергија, одлична би била борбата со перници.
Смејте се
Смислата за хумор се развива уште од мали нозе, а смеењето има позитивни ефекти како на децата, така и на родителите. Затоа, не морате да имате посебна причина за смеа. Ставете стар шешир на главата, обојте го лицето и насмејте го своето дете.
Несебично бакнувајте
Децата се многу посигурни кога се сакани. Имаат поголема самодоверба, среќни се и ја чувствуваат покажаната љубов. Оние деца што се сакани, понатаму како возрасни личности можат многу полесно да ги искажат и контролираат своите чувства и емоции.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















