„Работи за да живееш живот каков што посакуваш“ – Интервју со Аријана Коскарова, основач на Creative Hub

137

Колку луѓе познавате кои се нашле на листа на Форбс, како едни од најдобрите претприемачи?

Ние ви ја претставуваме Аријана Коскарова, основач на Creative Hub и овогодишен избраник на Форбс за успешна личност која има под 30 години.

Сигурно веќе сте запознаени со работењето и намената на Creative Hub, па затоа ајде да погледнеме малку повеќе во приватниот живот на оваа млада девојка. Ние и поставивме неколку интересни прашања, а вие уживајте во читањето на одговорите!

Прво нешто што го правиш кога ќе ги отвориш очите наутро?

Ми поминува секогаш истата мисла во глава, нов ден, нови можности. Зграпчи го денот!

Што е она што ти го освежува умот наутро?

Ова ми е навика од мајка ми, но секое утро го започнувам со топла вода и лимон, како еден начин на детокс и секако здравје.

Дали се подготвуваш со часови пред огледало за на работа?

Генерално се спремам за половина час, ова ми е навика од кога живеев во странство и морав да бидам брза наутро, бидејќи ми требаше време додека патувам за на работа.

Кое парче облека те прави силна деловна жена?

Сако и панталони. Се чуствувам доста моќно и деловно во нив.

Како изгледа твојот моден избор кога станува збор за важен состанок?

Повторно, сако и панталони, најчесто во црна елегантна комбинација.

Без што не можеш да излезеш од дома?

Без телефон и новчаник.

Како се одвива еден твој работен ден?

Некогаш стигнувам на работа во 8, некогаш во 10 зависно од обврските. Creative Hub добро функционира и без мене така што не сум обврзана со време од 9 до 5, но сум обврзана 24 / 7 кога станува збор за работа.

Дали често го искажуваш своето мислење кога станува збор за големи одлуки?

Како основач на еден бизнис клучно е дека донесувањето на одлучи зависи од мене, но секогаш се трудам да се консултирам со колегите или соработниците во одредена област.

Дали баш она што го замислуваше како мала сега го работиш?

Секогаш сакав да имам три работи. Едната ја остварив преку Creative Hub.

Дали можеш да поставиш граница помеѓу деловниот и приватниот живот?

Да, јас верувам во мотото , работи за да живееш живот каков што посакуваш, а не обратно.

Што те мотивира во животот?

Во едно интервју пред година дена ми го поставија истото прашање и мислам дека повторно ќе го дадам истиот одговор: ‘Ме мотивира стравот од неуспех.’

Од кого ја добиваш најголемата поддршка?

Од мајка ми. Таа е најголем поддржувач и секогаш е тука за се.

Како го поминуваш слободното време?

Со пријателите на убави дружби или пак на вежбање.

Дали имаш време за хоби? Ако да, кое е?

Па, хоби ми е да пишувам колумни за женски магазин, секој вторник.

Колку ти се важни пријателите во животот?

Без пријатели, човек е осамен. Како работите повеќе така имате и помалку време. Јас ја имав таа среќа да живеам на 4 континенти и да запознаам драги луѓе од секаде. Сега сум тука веќе една година и запознав многу нови луѓе. Тоа што го работам ме прави среќна, но и секое гледање со пријателите исто така.

Најголемо достигнување во животот?

Изборт на Форбес да се најдам на 30 под 30 листата.

Најголем страв во животот?

Да изгубам блиски луѓе.

Омилено место?

Имам повеќе. Creative Hub, бидејќи тука поминувам најголем дел од времето.

Која е последната книга која ти оставила голем впечаток?

Act like a lady, think like a man, Steve Harvey.

Омилена песна која секогаш те размрдува?

Despasito 😊 голем фан сум на латинска музика и најчесто ги слушам Gente de Zona, Nicky Jam …

Филм кој секогаш те расплакува?

Има повеќе, прво нешто што ми падна на памет е Титаник, но и голем број од класичните македонските филмови. Веројатно поради тоа што се олицетворение на еден народ од кој сме дел.