Старите лица можат да бидат дефинирани на многу начини, но главното е дека се многу мудри отколку што имаат години и сакаат да го поминуваат времето сами.
Тие сакаат да прават работите во кои обично уживаат постари луѓе, без разлика што според годините се многу млади.
Еве некои од проблемите со кои се соочуваат старите лица некаде во животот. Ако имате слични проблеми, најверојатно и вие сте стара душа.
Не си одговарате со луѓето на вашата возраст
Растењето кај старите души често значи неразбирање од околината. Нивните интереси и хобија веројатно се целосно различно од вашите, што практично значи дека поминувате доста време сами или барате друштво кај оние кои се постари од вас.
Прифаќате критиките и шеги за сопствена сметка
Старите души се многу мудри отколку што годините укажуваат. Имаат длабоки познавања и разбирање, што значи дека кога проблемите ќе се појават, тие можат да гледаат подалеку од конкретниот проблем во пребарување на причините , со цел да можат да простат. Тоа од своја страна понекогаш значи дека другите имаат корист од вас, претпоставувајќи дека кај вас се “поминува”, без разлика што прават.
Имате тенденција да користите интуиција повеќе од логиката
Некои луѓе мислат дека сите одлуки треба да се донесуваат врз основа на здравиот разум, додека старите души преферираат да се потпираат на најдобрите реакции. Ако човек, ситуација или разговор се лоши, тие ги чувствуваат длабоко во себе и имаат тенденција да му веруваат на тоа чувство. Што сепак не значи дека старитедуши не поминуваат многу време во размислување на прашања и проблеми. Едноставно значи дека веруваат на инстинктот многу повеќе од другите.
Никогаш не се чувствувате дома
Старите души имаат склоност да не се чувствуваат удобно “дома”. Изгледаат како да не успеваат да се разбере што точно значи тоа. Некои од нив патуваат во потрага по удобност и припадност, но изгледа не успеваат да се сместат некаде.
Без разлика дали сте живееле во многу држави или само на едно место, во текот на целиот свој живот немате чувство дека се вклопувате таму каде што сте. Речиси како да сте од друго време …
Желбата за изолација рефлектира на многу сфери во вашиот живот.
Најмногу врз социјалниот. Старите души сакаат да поминуваат време сами, што значи дека други сфери во животот страдаат од таа причина. Тие сепак ја извлекуваат својата енергија од осаменоста, затоа кога стара душа е постојано опкружена со други, таа се чувствува исцедена и има потреба да се тргне. Ова може да предизвика проблеми, бидејќи останатите не го разбираат сосема добро тоа чувство.
Луѓето ви веруваат
Без разлика дали е добро познат пријател или целосно непознат човек, луѓето често се обраќаат кон вас, за да ви поплачат на рамото или пак да бидат слушнати. Вие давате удобно чувство, кое ги привлекува луѓето кон вас, им давате впечаток дека сте таму за да ги чуете … сепак си имате проблем кога не знаете како да се одвоите од разговорот или ситуацијата.
Ако некој од овие проблеми ви звучи познато, најверојатно сте стара душа. Има уште многу индикатори кои далеку ги надминуваат тоќките во оваа листа, па прифатете се и љубете се себе.