ЛЕТЕН КОКТЕЛ | Научниците откриле дека комбинацијата на овие две вакцини обезбедува најголема заштита. Но, редоследот е исто така важен

696

Меѓутоа, кај сите вакцини, неутрализирачкиот титар паднал за два и пол до шест пати кога станува збор за бета, гама и делта варијанти.

Комбинацијата на вакцини, со прва доза AstraZeneca и потоа Pfizer го зголеми нивото на неутрализирачки антитела за шест пати, во споредба со две дози на AstraZeneca, според истражувањето во Јужна Кореја.

Студијата опфати 499 здравствени работници, од кои 100 примиле комбинирана вакцина, 200 две дози Pfizer, а другите две дози AstraZeneca.

Во сите случаи, блие формирани неутрализирачки антитела кои спречуваат вирусот да влезе во клетките и да се реплицира. Резултатот од комбинираната вакцина покажал слични количини на неутрализирачки тела како во групата што примила две дози на Pfizer.

Редот е исто така важен

Слични резултати покажала минатиот месец една британска студија кога по првата доза на AstraZeneca примена е доза на Pfizer, со што е предизвикан најдобар одговор на Т-клетки и поголеми нивоа на антитела отколку да било обратно, Pfizer за првата доза, а потоа AstraZeneca за втората доза.

Научниците во Јужна Кореја исто така ја анализирале неутрализирачката активност против главните варијанти на новиот коронавирус.

Ниту една од групите не покажа намалување на активноста за неутрализирање на алфа варијантата, најпрво идентификувана во Велика Британија, но титарот за неутрализирање падна за два и пол до шест пати за бета, гама и делта варијанти, откриени првпат во Јужна Африка, Бразил и Индија.