Фобиите на хороскопските знаци

600

Фобиите се патолошки, ирационален и силен страв кон специфичен објект, определена дејност или специјална околност.

Дали сте знаеле дека се познати над 1.000 видови фобии?

Кој е вашиот страв според зодијачкиот знак, видете во следните редови.

Овен

Овенот е најактивен од сите знаци во зодијакот. Родените под овој хороскопски знак се амбициозни и секогаш се стремат да го завршат започнатото до крај. За нив е незамисливо да пропаднат, можеби затоа што голем дел од нив страдаат од ателофобија – стравот да не направиш нешто правилно или страв дека не си доволно добар.

Бик

Бикот можеби е најлетаргичен од сите хороскопски знаци. Тој ги сака удобноста, луксузот, но не и промените. Затоа голем дел од родените во знакот на зодијачкиот знак страдаат од метатесиофобија или страв од промена.

Близнаци

Тие се често нерешителни и понекогаш непостојани. Кога мораат да донесат каква било одлука за родените во знакот на Близнаци настапува вистински ужас и конфузија. Затоа може да се каже дека тие страдаат од десидофобија – страв од донесување одлуки. Но, не само тоа. Мислата дека ќе останат сами исто ги става во графата на оние кои имаат еремофобија – страв од осаменост.

Рак

Ако има нешто на што Раковите внимаваат многу, тоа е домот и семејството. Бидејќи за нив “Мојот дом е мојот замок” важи со полна сила, тие имаат тенденција да патат од агорафобија – страв од отворени простори кои се јавни места, или страв од напуштање на безбедно место.

Продолжува на страна 2