10 работи кои би сакала да сум ги научила во училиште – Во животот добивате онолку колку што давате!

1741

8. Во животот добивате онолку колку што давате

Ако сакаме да ја зголемиме количината на нешто во нашиот сопствен живот (пари, љубов, можности, љубезност и сл.), мора да ја зголемиме количината на нешта што ги даваме на другите луѓе.

Иако повеќето луѓе најчесто се фокусирани на она што го добиваат и се надеваат дека ќе добијат повеќе отколку што даваат, тоа ретко се случува.

9. Секој живее живот каков заслужува

Ова може поинаку да се формулира: “Секој е одговорен за начинот на кој го живее својот живот”. Без оглед на тоа дали е во прашање физиката и законот на причините и последиците или нешто друго, повеќето луѓе сѐпак мислат дека другите или нешто надвор од нив е одговорно за тоа што им се случува во животот и на тоа каков живот имаат.

Во поекстремна форма, повеќето тоа го препознаваат ова како улога на “жртвата” која некои луѓе ја негуваат, но не мора да бидете жртва, бидејќи не сте ја прифатиле одговорноста за својот живот. На секое животно прашање, ние донесуваме одлуки кои на крајот ќе се покажат во форма на цената што ја плаќаме за нив.

Ако не сме задоволни со својот живот, ајде да погледнеме наназад и ако сме доволно чесни кон самите себе, ќе го видиме точниот момент во кој ја донесовме одлуката која денес нè одведе во незадоволство.

10. Што е ретикуларен активациски систем и како можам да го користам за мое добро?

Ретикуларниот активациски систем е дел од мозокот кој нѝ овозможува да во нашето опкружување избереме на што ќе ги фокусираме нашите мисли. Со други зборови, тој секогаш нѝ помага да го пронајдеме она што го бараме во одреден момент. Затоа нѝ е важно да се фокусираме на она што го сакаме, а не на она што не го сакаме.

Поставувањето цели и постојано размислување за нив е важен начин на кој можеме да го задржиме вистинскиот правец на животот. Друг начин е постојано да се потсетуваме со надворешни потсетници како што се белешките за тоа што нѝ е важно и на што треба да обрнеме внимание.