Природни лекови за најчестите тегоби кај бебињата

331

Осипите, грчевите, болното никување на забите се чести проблеми кај бебињата, кои можат да се отстранат или барем намалат, со помош на чаеви и растителни препарати. Следуваат неколку корисни совети и рецепти.

Сипаниците кај бебињата

Сипаниците може да се појави на вратот, на деловите од телото, кои се преклопуваат или најчесто на местата кои се покриваат со пелените. Промените можат да варираат од полесно црвенило, до светло црвен осип, па се до задебелувања на кожата, преполни со гнојни мозолчиња. Најчеста причина за појавата на осипот се разложувачките продукти во урината и столицата, неадекватните прашаци за перење и омекнувачите, кои се користат за перење на детската облека и памучните пелени или користењето на несоодветни козметички средства за нега на детската кожа.

Кожата на најмладите е доволно да се измие со млака вода, а треба да се избегнуваат антибактериски и миризливи сапуни, како и миризливи влажни марамчиња, бидејќи алкохолот и парфемите ја иритираат кожата. За превенција на осипот и третирањето на иритираната кожа, дерматолозите, препорачуваат производи, кои се ПХ урамнотежени, без вештачки бои и синтетички мириси, со природни растителни екстракти и есенцијални масла, како невен, ајдучка трева, камилица, алое вера.

Грчеви

Стомачните грчеви претставуваат стрес како за бебето, така и за родителите. Кај првите знаци на грчевите кај бебето може да му се даде чај од нане или камилица. Чајот од анасон е познат по своето смирувачко дејство. Тој го подобрува излачувањето на сокот во желудникот и ја отстранува надуеноста во стомакот, така што варењето се подобрува, а од цревата се елиминираат вишокот гасови. Неговиот сладок и ароматичен вкус ќе го смири вознемирениот стомак на бебето. Исто така може од помош да биде и подготовката на топла купка, во која е додадено благо есенцијално масло од лаванда. Во секој случај доколку ситуацијата се влоши потребен е педијатарски преглед, за да се елиминираат евентулните медицински проблеми и да се потврди дека бебето е здраво и дека во прашање се само грчеви.

Никнување заби

Најчесто првото запче се појавува кога бебето ќе наполни шест месеци. Понекогаш доаѓа до благ раст на температурата, која може да се јави и непосредно пред никнувањето на забите, потоа до нервоза, несоница и раздразливост и потеченост и црвенило на непцата. Болката и непријатноста при растењето на забите може да се ублажи со чај од камилица или маточина.