Овој едноставен и брз чоколаден колач за подготовка доаѓа од Јужна Америка, го освои целиот свет, а еве и зошто.
Состојки
- 4 јајца
- 2 портокали
- 200 грама ореви, бадеми, лешници или кокос
- половина лажичка сода бикарбона
- 100 грама црна чоколада
- 200 мл неутрална павлака за варење
Подготовка
1. Портокалите прво потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час, потоа варете ги околу половина час додека да омекнат.
2. Сомелете ги добро во блендер, додадете ги јајцата и јаткастите плодови, претходно сомелени и малку сода бикарбона. Печете на 200 степени околу 20 минути.
3. На оган сварете ја неутралната павлака па во неа додадете го чоколадодто додека да се растопи. Прелијте го готовиот и малку изладен колач. Разладете го во фрижидер и послужете.



















