Бурнoро секојдневие, стресот, штетните навики, здравствената состојба … Сето ова влијае на либидото.
Најдоброто што може да го направите при намалена сексуална желба е да го намалите стресот, да се придадете почесто на релаксирачки терапии и да ги земате следните афродизијаци.
Сурови какао зрна
Мелените сурови какао зрна се вкусна и корисна храна, не само за вашите диететски денови. Тие се еден природен афродизијак кој ви советуваме да го консумирате почесто. Какао зрната се богати на анандамид, кој е познат како “молекула на блаженството”.
Исто така изобилува со магнезиум, фосфор, антиоксиданси и аргинин, а последниот го подобрува протокот на крвта кон гениталиите и затоа го зголемува и либидото. И не на последно место, какао зрната содржат фенилетиламин, кој е познат како “љубовна хемикалија”, што помага за ослободување на допамин во мозокот за време на секс.
Лути и загревачки зачини
Според Ајурведата практика за зголемување на либидото и метаболизмот е важно во менито да додадеме зачини кои ја зголемуваат топлината на телото. Цимет, ѓумбир и морско оревче се затоплувачки зачини кои го зголемуваат протокот на крв во абдоминалната и карличната област.
Постојат многу различни начини да ги додадете во секојдневниот оброк. Исто така овие зачини помагаат за зголемување на природното навлажнување на вагината и го засилуваат сексуалното задоволство.
Шатавари
Билка која е употребувана милениуми за стимулирање на женското здравје. Во Индија ја нарекуваат тоник на младоста. Шатавари го зајакнува и тонизира репродуктивниот систем, го намалува дисбалансот за време на менструацијата и менопаузата. Се смета дека таа може да ја подигне желбата за секс кај жените и да им даде издржливост за долги часови на милувања.
Урми
Слатки, сочни плодови кои во арапските култури со векови биле консумирани како афродизијак, во комбинација со млеко и цимет. Урмите се богати со растителни влакна и многу важни хранливи материи, витамини и минерали.
Колку поздрави и енергични сте, толку повеќе ќе имате желба и сили за романтика и страстен секс.